Јавно Претпријатие за Комунални Дејности

ЈКПД Тополка Чашкa

Известување

Достапно е електронското плаќање на фактури за сите корисници на ЈКПД Тополка. Плаќање на фактури преку Брзо плаќање (внес на фактура) или Е-Корисник (регистрација на корисник во ситемот)

Известување

Известување! Почитувани, ЈПКД Тополка Чашка Ве известува дека во периодот од 24.04.2024 (среда) – 26.04.2024 (петок) жителите на населено место Оморани – Општина Чашка имаа прекин во водоснабдувањето, особено во с. Оморани, поради дефект
во Населба Оморани , на приватен имот во близина на железничката станица Васил Антевски – Дрен. Имено, извадена беше полуспојка на црево Ф-32, при што цела вода течела во бунар. Токму затоа им требаше подолго време на нашите екипи кои на терен неуморно го бараа дефектот по целата должина на линијата. На 26.04.2024 год. – петок попладне дефектот беше саниран и водоснабдувањето повторно беше ставено во функција.

Известување

Кон крајот на месец Март и почетокот на месец Април оваа година, ЈПКД Тополка Чашка со ЈСВ машината изврши ископ на постоечката водоводна линија во с. Чашка, поради дотраеност на претходната инсталација и недостиг на вода на населението, во должина од 95 метри, и постави ПВЦ црево Ф – 50 по должината на оваа линија, по што извршено е затрпување на терен. Со оваа активност се реши голем проблем од недостиг на вода со кој се соочуваше населението изминативе години, а ЈПКД Тополка Чашка продолжува како и до сега, да биде сервис на граѓаните. Сликите можете да ги погледнете во Галерија

За нас

ЈПКД Тополка Чашка на почетокот на месец април оваа година согласно Програмата за јавна чистота за 2024 год. изврши миење со помош на специјализирано противпожарно возило (црево и шмрк) на просторот на централниот дел околу Џамијата и главната улица до мостот на реката Тополка во Горно Јаболчиште, како и миење на просторот на централниот дел околу Џамијата во Долно Јаболчиште и главната улица во должина од влез на населеното место до излезот кон Горно Јаболчиште со истата механизација. ЈПКД Тополка Чашка продолжува со работа посветено како и до сега, водејќи грижа за граѓаните и за животната средина истовремено.

ЈПКД Тополка Чашка ги обезбедува следните услуги:

Известување: Платете ги вашите сметки онлајн преку нашата веб страна. Брзо, лесно и едноставно.

КОНТАКТ

ЈПКД Тополка – Чашка

+389 (43) 210 – 818

Ул.,,Илинденска,, бр.5

Нас. Чашка Општина Чашка